Skip to content Skip to footer

Инклузијата блесна од уште една општина – Заврши 2. Фестивал на инклузија

Во срцето на Општина Кисела Вода, во Домот за култура ,,Биљана Беличанец” и паркот кој го опкружува - Паркот Македонија, од 7 до 10 септември се одржа прослава на хуманоста, единството и прифаќањето, во рамки на Вториот фестивал на инклузија на тема ,,Културни инклузивни политики’’.

Фестивалот беше организиран од ,,Здружението за афирмација на правата на лицата со попреченост-Икуалити“, заедно со партнерската организација ,,Визија-Плус” и поддржан од Општина Кисела Вода.

Oвa, второ по ред издание на Фестивалот на инклузија, ја реализира својата мисија на поврзување на луѓето со и без попреченост и уште еднаш најживописно го докажа фактот дека во секое срце се крие безграничен потенцијал, поддршка, искрена љубов и емпатија.

Првиот ден, 7-ми септември, официјалното отворање го започнавме со доделување на благодарници до сите кои овозможија фестивалот да стане реалност, општествено одговорните компании – КБ Прво пензиско друштво, Халкбанк, Салвео, Денмак, Nova International School, што дополнително не поттикна да создадеме незаборавен настан и оставија незаборавни спомени во срцата на сите присутни.

Отворањето на фестивалот беше проследен со настап на откритието на македонската музичка сцена – Пајак, кој испрати моќна порака од Општина Кисела Вода и Град Скопје, дека вклученоста на сите е право загарантирано со сите натприродни права, дека музиката е одличен медиум за постигнување единство и разбирање, независно од возраста, потеклото и општествениот статус.

Ден 1

3 Videos

Во позадината на сцената и местото за публика, беа изложени уметнички фотографии на поставката на тема ,,Запознавање и прифаќање”, фотографски мемоари од архивите на Драги Неделчевски и Небојша Гелевски, кои целиот фестивал ѕиркаа кон сите љубопитни посетители.

На 8-ми септември, вториот ден од фестивалот, започна првиот дел од дводневната работилница за најмладите, цртање на тема ,,Што е среќа?”, под менторство на Соња Абаџиева. Убавата и смирувачка енергија која ја пружаат децата додека прават уметнички подвизи со нивните мали рачиња беа преточени на хартија во различни бои, форми, и несомнено со многу восхит и љубов.

Сите деца, со и без попречености, умеат заедно да другаруваат, кога не се оптоварени од надворешните предрасуди, докажа работилницата за цртање на тема среќа, но и работилницата за цртање и садење цвеќенца, во двата последователни дена, а предводена од Симона Трипкова и Тања Алексовска Поповска.

Децата во текот на ова попладне имаа можност и да научат балет под менторство на школата ,,БС Балерина”.

Вечерната програма на вториот фестивалски ден беше отворена со изведба на химна од инклузивен хор по повод државен празник, 8-ми септември, Ден на независноста.  Децата од ОУ Кузман Јосифовски Питу, под водство на наставничката Вера Ангеловска, ја интонираа химната со толкување и на знаковен јазик, изведба за која градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски изјави дека била ,,Најубавата честитка по повод независноста на Македонија!”.

Вечерната програма на вториот фестивалски ден, го продолживме со незаборавно музичко доживување приредено од  четири-члениот бенд Funk Shui.

Концерното музичко уживање беше проследено од проекција на филмовите „10 совети за учтиво однесување со деца со попреченост“, во продукција на Пркос, „Вклучи, не исклучувај“, во продукција на Плакарт и Икуалити и „Допир“, во режија на Стојан Вујиќиќ, во кои секоја рамка беше врежана со сведоштво за човековата моќ, мотивираноста и животните приказни на лицата со попреченост, оставајќи ги сите присутни со чувство на поврзаност и отворени срца.

Ден 2

3 Videos