Loading настани

« All настани

  • This event has passed.

КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ВЕСЕЛИ ЧОРАПЧИЊА” – ИЗРАБОТКА НА ЛИКОВИ ОД ЧОРАПЧИЊА

Јун 12, 2025 @ 13:00 - 15:00
ГРАТИС

Во рамки на inFusion – 4. Фестивал на инклузија, на 12 јуни од 13 до 15 часот во Парк Македонија (Општина Кисела Вода), ќе се одржи креативната и интегративна работилница „Весели чорапчиња“ во соработка со Театар за Тебе. Децата и младите на возраст од 7 до 15 години ќе имаат можност да создаваат весели ликови од чорапчиња, поттикнувајќи креативно изразување и соработка помеѓу деца и млади со и без попреченост. Работилницата нуди забава, тимска работа и простор за создавање нови пријателства, а секој учесник ќе си понесе сопствен рачно изработено лик како спомен од настанот.

 

*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*

Здружението Икуалити го отвора повикот за учество во работилницата „Весели чорапчиња“ која ќе биде дел од Ден 1: inFusion Perform во рамки на  inFUSION – 4. Фестивал на инклузија.

12.06.2025г. | 13:00 – 15:00 часот

Парк Македонија, Општина Кисела Вода

 

ШТО НУДИМЕ?

креативна работилница за изработка на весели ликови од чорапчиња, во интегративна група со лица со и без попреченост

-можност за тимско и креативно изразување

рачно изработен лик кој може да си го понесете дома

-простор за забава и создавање на нови пријателства

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Работилницата е отворена за деца и млади од 7 до 15 годишна возраст. Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com  со посочување на: име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот.

 

Краен рок за пријавување е заклучно со 06 јуни 2025 година.

Пристапност:

       Пристапно за лица од спектарот Настан без вербална комуникација Пристапно за лица со оштетен вид Пристапно за лица со оштетен слух Толкување на знаковен јазик Пристапно за лица со интелектуална попреченост  Пристапно за лица со оштетен вид Пристапно за стари лица

 

ПРИЈАВИ СЕ!

     

    Детали

    Организатор

    Локација

    • ПАРК МАКЕДОНИЈА
    • Frank Harkort Maning, Skopje 1000
      СКОПЈЕ, Македонија
      + Google Map