INFUSION БАЗАР ЗА СИТЕ – АКТИВИЗАМ, КУЛТУРА И ГЕЈМИНГ

inFusion Базарот претставува уникатен дел од inFusion – 5. Фестивал на инклузија, кој претставува платформа која обединува уметници, креативци, активисти, локални компании и организации. Базарот ќе се создаде простор за промоција на вредности и општествено одговорни креативци од областа на културата и сферите на општественото живеење, преку три тематски платформи.
На 13 јуни ќе биде одржан inFusion Базаро ќе биде живо катче исполнето со креативност, инспирација и автентични приказни. Локални уметници, независни креативци и мали иницијативи ќе ги претстават своите уникатни дела. Од рачни изработки и модни детали, до визуелна уметност, илустрации и предмети создадени со љубов и идеја.
Базарот не е само простор за изложување, туку место за средби, разговори и размена на енергија. Секој штанд носи своја порака, свој стил и своја приказна, поттикнувајќи општествена одговорност, слободен израз и поддршка на локалната креативна сцена. Посетителите ќе можат да запознаат луѓе што создаваат со срце и преку нивната работа внесуваат промени во заедницата.
*ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО*
Здружението Икуалити го отвора повикот за пријавување на заинтересирани креативци и организации да бидат дел од inFusion Базарот во рамки на inFusion Фестивалот кој ќе се одржи на 13 јуни 2026 год. кај Летна Сцена – Лепеза (Градски Парк).
13. 06.2026 г. | 10:00 – 00:00
Летна Сцена Лепеза – Градски Парк, Општина Центар
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
-индивидуалци – креативци и уметници
-креативци од заедницата на лица со попречености
–организации и поединци со општествено одговорни мисии
–локални бизниси за органски производи
–локални компании и креатори на игри
ШТО ДОБИВАТЕ?
Ако изработувате рачни изработки и дела, декоративни предмети, природни или органски производи, дигитални и друштвени игри и сакате да ги промовирате вашите иницијативи, ова е одлична можност да се претставите пред пошироката јавност во инспиративна и инклузивна атмосфера, во рамки на фестивалот на 13 јуни 2026 г.
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Пријавете се преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на име, презиме, контакт број и кратка биографија.
Краен рок за пријавување е заклучно со 05 јуни 2026 година.
Пристапност:
ПРИЈАВИ СЕ!

