ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ НА INFUSION ФЕСТИВАЛ
Здружението Икуалити го отвора повикот за пријавување на волонтери за inFusion – 4. Фестивал на инклузија кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни 2025 год. во Парк Македонија (Општина…
Здружението Икуалити го отвора повикот за пријавување на волонтери за inFusion – 4. Фестивал на инклузија кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни 2025 год. во Парк Македонија (Општина…
Движењето може да значи многу нешта - како ги движиме нашите тела или повик за промена. За време на нивната соработка, Рене Шадлер и Роланд Валтер развија адаптивни техники на танцување за различни попречености, видливи и невидливи.
На 12 јуни во Театар Комедија, во оваа двочасовна работилница (10:00 - 12:00), на учесниците ќе им бидат прикажани движења и импровизации кои силно се залагаат за промени и охрабруваат „неумереност“ на подиумот за танцување, но и надвор него.
Креативна и интегративна работилница „Весели чорапчиња“ во соработка со Театар за Тебе преку која, на 12 јуни во Паркот Македонија, од 13 до 15 часот, децата и младите на возраст од 7 до 15 години ќе имаат можност да создаваат весели ликови од чорапчиња, поттикнувајќи креативно изразување и соработка помеѓу деца и млади со и без попреченост. Работилницата нуди забава, тимска работа и простор за создавање нови пријателства.
inFusion Базар – Активизам и култура ќе се одржува од 12 до 14 јуни 2025 година, во Паркот Македонија (Општина Кисела Вода) и има за цел да обедини креативци од заедницата на лица со попреченост, општествено одговорни организации и локални бизниси. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во промоција на уникатни рачни изработки, уметнички дела, органски производи и инспиративни иницијативи. Дводневниот базар ќе понуди широка платформа на култура, активизам и автентично изразување, поттикнувајќи креативно изразување во насока на позитивни општествени промени.
„Искуси уметност“ е иницијатива спроведувана во соработка со Музејот на современата уметност. На 13 јуни, со почеток од 13:00 часот, водени тури низ музејските поставки за сите љубители на уметноста - искуство кое ќе овозможи уживање во уметноста и на лица со оштетен слух, поддржани од толкувач на знаковен јазик, како и за лица со оштетен вид и лица со физичка попреченост.

Преку креативната и интегративна работилница „Шарена чајанка“ која ќе се одржи на 13 јуни од 14:00 часот, децата и младите од 10 до 18 години ќе имаат можност заедно да цртаат и украсуваат посатки и да го разбудат својот уметнички дух. Работилницата поттикнува соработка меѓу млади со и без попреченост, создавајќи инклузивен простор за дружење, размена на идеи и нови пријателства низ прекрасната природа на Паркот Македонија.
Соединување, поврзување, ФУЗИЈА.
Овие поими ќе ги спојат младите уметници кои ќе ги разменат своите идеи, чувства и перспективи преку јазикот на визуелната уметност, во рамки на „Фузија“ – изложба на млади уметници кои на 13 јуни од 16 часот ќе се обединат во Паркот Македонија со своите идеи и визии преку моќта на соединувањето и фузијата.