ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ НА INFUSION ФЕСТИВАЛ
Здружението Икуалити го отвора повикот за пријавување на волонтери за inFusion – 4. Фестивал на инклузија кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни 2025 год. во Парк Македонија (Општина…
Здружението Икуалити го отвора повикот за пријавување на волонтери за inFusion – 4. Фестивал на инклузија кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни 2025 год. во Парк Македонија (Општина…
На 11 јуни, на 4. inFusion – Фестивал на инклузија, сведочете го магичниот перформанс на Роланд Валтер и Рене Шадлер, две тела, а еден универзум.
Интимен дијалог преку движење, што ги спојува телата како средство на поврзување!
Движењето може да значи многу нешта - како ги движиме нашите тела или повик за промена. За време на нивната соработка, Рене Шадлер и Роланд Валтер развија адаптивни техники на танцување за различни попречености, видливи и невидливи.
На 12 јуни во Театар Комедија, во оваа двочасовна работилница (10:00 - 12:00), на учесниците ќе им бидат прикажани движења и импровизации кои силно се залагаат за промени и охрабруваат „неумереност“ на подиумот за танцување, но и надвор него.
Креативна и интегративна работилница „Весели чорапчиња“ во соработка со Театар за Тебе преку која, на 12 јуни во Паркот Македонија, од 13 до 15 часот, децата и младите на возраст од 7 до 15 години ќе имаат можност да создаваат весели ликови од чорапчиња, поттикнувајќи креативно изразување и соработка помеѓу деца и млади со и без попреченост. Работилницата нуди забава, тимска работа и простор за создавање нови пријателства.
inFusion Базар – Активизам и култура ќе се одржува од 12 до 14 јуни 2025 година, во Паркот Македонија (Општина Кисела Вода) и има за цел да обедини креативци од заедницата на лица со попреченост, општествено одговорни организации и локални бизниси. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во промоција на уникатни рачни изработки, уметнички дела, органски производи и инспиративни иницијативи. Дводневниот базар ќе понуди широка платформа на култура, активизам и автентично изразување, поттикнувајќи креативно изразување во насока на позитивни општествени промени.
На 12 јуни, со почеток во 15:30 часот во Домот на култура „Билјана Беличанец“, најмладите посетители на фестивалот ќе уживаат во интерактивна детска едукативна претстава „Супер вселенко и роденденската торта“, во интерпреација на Театар за Тебе, која на забавен и анимиран начин пренесува силна порака за прифаќање на различностите.
На 12 јуни 2025 година, во рамки на inFusion PERFORM денот, пријателите од Дневниот центар Доза среќа ќе ја изведат театарската претстава на знаковен јазик „Ѕуница“. Претставата комбинирајќи говор и знаковен јазик, ќе креира едно интегративно театарско искуство за најмладите.
Ликовите Бојана, Мендо, Зајче и Птичка преку приказната за слогата ќе ни пренесат порака за значењето на вистинското пријателство, различностите, разбирањето и заедништвото.
Поезија креирана од млади лица, кои низ менторство на Клубот на оратори, под водство на Марија Додовска, ќе создадат сопствена поезија, а потоа ќе бидат менторирани да одржат ораторска интерпретација на истите на 12 јуни од 18 часот, во Паркот Македонија (Општина Кисела Вода) како дел од inFusion - 4. Фестивал на инклузија.
На 12.06.2025г. во нашата база - Паркот Македонија од 19:30 часот ќе прославиме со свечено отворање, како и секоја година - во духот на заедништвото, искрената љубов и позитивна енергија и инклузијата.
Придружете ни се во мисијата за ширење љубов.
Да ги урнеме бариерите, да менуваме, создаваме и инспирираме!
Изложбата на 100 детски цртежи на тема „Ги сакам сите животни“ креирани од ученици од 10 основни училишта од Општините - Аеродром, Кисела Вода и Центар. Од 13 јуни 2025г. од 13 часот, ќе можете да ги погледнете сите цртежи кои ќе го разубавуваат Паркот Македонија.
„Искуси уметност“ е иницијатива спроведувана во соработка со Музејот на современата уметност. На 13 јуни, со почеток од 13:00 часот, водени тури низ музејските поставки за сите љубители на уметноста - искуство кое ќе овозможи уживање во уметноста и на лица со оштетен слух, поддржани од толкувач на знаковен јазик, како и за лица со оштетен вид и лица со физичка попреченост.
„Искуси уметност“ е иницијатива спроведувана во соработка со Музејот на современата уметност. На 13 јуни, со почеток од 13:00 часот, водени тури низ музејските поставки за сите љубители на уметноста - искуство кое ќе овозможи уживање во уметноста и на лица со оштетен слух, поддржани од толкувач на знаковен јазик, како и за лица со оштетен вид и лица со физичка попреченост.