ФОРУМ: ПРЕКУ КОМУНИКАЦИЈА ДО АКЦИЈА – ШТО НАВИСТИНА ИМ Е ПОТРЕБНО НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЗА КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ?
Дел од потребите на лицата со попреченост се универзални, но некои се специфични бидејќи секој има своја, уникатна приказна и состојба.
Како да се разбере секој, додека се помага на сите?
Колку е важно пристапот да е индивидуален за да е ефикасен? Колку можат да направат служба по служба, институција по институција, наставник по наставник, лекар по лекар, а колку сите заедно?
На 14 јуни од 17 часот, во Паркот Македонија, ќе ги отвориме овие значајни теми и ќе развиеме конструктивна дискусија.

